Сезона
IV
натпреварувачи
1 921

Imperia Online Battle Royale



- Почеток на 13.01.2023 (петок) во 10:00 часот, време по сервер [GMT +2].
- Бесплатна регистрација.

Општи правила и услови



- Се допуштаат регистрации единствено на профили со над 20-то ниво на профилот за верзија 6 и профили со над 500 нето економски поени и регистрирани најмалку една седмица пред почетокот на турнирот за верзија 5. Официјално вработените во Imperia Online немаат право на учество.

Правила на игра во турнирот



- Брзина на развој на Империите - Мега Блиц (x10) – десет пати побрзо од нормалното.
- Сите играчи почнуваат со по 1 милион од секој ресурс и бонус предмети.
- Нападите меѓу играчи се дозволени.
- Максималниот опсег по нето економски поени за напади помеѓу играчи е x10.
- Шпионажата помеѓу играчи е дозволена.
- Играчите се населуваат произволно на Глобалната мапа, но секој од нив ќе се смета за оддалечен на 500 ИМ, кога се пресмтува времето на секој напад.
- Кога играч е под напад од друг играч, ќе се применуваат стандардните правила за заклучување под напад.
- Максималниот број провинции што еден играч може да ги има е 9: Престолнина + 8 припоени; играчот нема право да припојува и да претвора во вазал надвор од својата ексклузивна зона.
- Издржувањето на војската ќе варира во зависност од тоа колкав процент претставува војската од нето економските поени на играчот.
- Нема Советник.
- Нема Оддалечени поседи (Колонии, Трговски станици, Воени станици).
- Нема специјални ресурси.
- Нема сојузи.
- Нема Замоци.
- Нема собирни пунктови.
- Нема мод Одмор.
- Нема чување на профилот.
- Нема Празнична заштита.
- Нема медал Воин на денот.
- Нема Достигнувања.
- Нема Глобални настани.
- Нема Турнири.
- Нема претплата за храмот.
- Нема војни.
- Нема независни градови.
- Нема Варварски кампови.
- Нема дневни задачи.
- Цените на пазарот ќе бидат фиксни според нивните основни вредности и нема да се променуваат за време на целата сезона. Ќе биде достапна опција за размена на ресурси и под напад. Фиксната трговска провизија е 15% (петнаесет).
- Играчите ќе можат да избираат управувања за своите империи, но следните модификатори нема да бидат активни: Варваризам - 50% повеќе ресурси од варварски ковчези; Феудализам - Бесплатна поправка на тврдини во провинциите; Монархија - 3 поени раст при удар по независен град; Империјализам - 75% поевтино основање на колонии; Без загуби од задоволство од оддалечени поседи; 10% поголема ефикасност на колониите; 100 империјални милји бонус логистика; 100% поголем ефект на сите специјални ресурси без лак, јаглен, потковица и гранит и дијаманти.
- Турнирот е разделен на 30 Рунди. Секоја Рунда е разделена на Воено време и Мирно време. Секоја рунда е со времетраење од 20 часа. Военото време е со времетраење 8 часа, Мирното време е 12 часа. Турнирот ќе започне со Мирно време.

Правила на Мирното време

- Нападите меѓу играчите се забранети.
- Ако напад е испратен во Воено време, тој нема да удри, ако веќе настапило Мирно време. Војската на напаѓачот ќе биде автоматски вратена во империјата.
- Ако провинцијата од која е испратена војската биде уништена во меѓувреме, војската ќе се врати во Престолнината, ако веќе настапило Мирно време.

Правила на Военото време

- Нападите меѓу играчите се дозволени.
- Минималното време за напад е 10 мин.
- Напаѓачката војска станува видлива 30 мин. пред да удри (15 мин. во Магливо време).

Уништување на провинција

- Ако провинција на играч е успешно опсадена, нивото на Тврдината во неа ќе падне за 1. Сите единици ќе бидат распоредени на полето.
- Секое паднато ниво на Тврдина во Империјата ќе ја зголемува цената во ресурси и времето за изградба на ново ниво на сите Тврдини со 1%.
Пример: Играчот има 9 провинции. Нивоата на Тврдини во 8 од нив се намалени со 1, а во престолнината со 2 и во моментот се 4-то ниво. Ако играчот сака да повторно да изгради ниво 5 на тврдината во Престолнината, тој ќе треба да плати 10% повеќе ресурси и времето за изградба ќе биде за 10% подолго.
- Ако нивото на Тврдина стане 0, соодветната провинција се губи.
- Сите ресурси, население и војски во обука исто така се губат. Распоредената војска на поле автоматски се преместува во Престолнината, а гувернерот на провинцијата ја напушта својата позиција.
- Изгубената провинција може да биде припоена одново, но во почетната состојба на развој.

Уништување на играч

- Ако нивото на Тврдина во Престолнината на играчот стане 0, тој се смета за уништен.
- Неговото име во рангирањето станува сиво.
- Неговиот профил во Турнирот станува неактивен.
- Играчот напаѓач, кој ја извршил битката со која го уништил заштитникот, се наградува со 10 поени за убиство.
- Се покажува екран што заклучува, кој го информира играчот за неговата крајна позиција во рангирањето.
- Ако уништениот играч испратил напад пред да биде ликвидиран, неговиот напад ќе удри, а потоа останатата војска ќе исчезне.
- Напуштените империи не можат да бидат повредени или уништени, затоа тие нема да ги наградуваат агресорите со поени за убиство. Империјата станува изоставена за 36 часа неактивност.
- За време на првите 14 Рунди играчите нема да можат да уништуваат други играчи. Нивоата на тврдините можат да бидат намалени до 0, но нема да се губат провинции и престолнини.

Правила за Елиминација на играчи

- Во секоја Рунда после 5-тата, системот автоматски ќе елиминира играчи во зависност од нивното моментално рангирање.
- Играчите претходно ќе знаат на каква позиција треба да бидат во рангирањето секоја Рунда за да не бидат автоматски елиминирани.
- Системот автоматски ќе елиминира играчи во секоја Рунда, 4 часа после почетокот на Мирното време.
- Сите профили ќе бидат авоматски заклучени 2 минути пред да започне елиминациската фаза.

Рангирање



- Сите играчи почнуваат со 10 000 основни поени.
Формулата по која ќе се одредува нивното место во Рангирањето за секоја Рунда и респективно во Службената елиминација се базира на Основните поени, Нето економските поени и Воените поени на играчот, како и нов фактор, наречен поени Убиство.
Секоја уништена провинција се брои за 1 поен Убиство, а убиштена Престолина се брои за 10 поени Убиство.
Рангирањето се формира по следниот начин:
- Се земаат Нето економските поени на играчот и се споредуваат со средната вредност на Нето економските поени на сите преживеани играчи за конкретната рунда;
- Се земаат Воените поени на играчот и се споредуваат со средната вредност на Воените поени на сите преживеани играчи за конкретната рунда;
- Се земаат поените Убиство на играчот и се споредуваат со средната вредност на поените Убиство на сите преживеани играчи за конкретната рунда;
- Добиените 3 коефициенти се сумираат и сумата се помножува по Основните поени (10 000)ч
- Премсетувањето се извршува независно за секоја рунда и поените од претходна рунда не се натрупуваат.
- Во секоја Рунда привременото рангирање ќе биде разделено на 3 зони - Безопасна, Застрашена и Елиминациска.
• Безопасната зона означува дека во моментот играчот зазема доволно висока позиција во класирањето и нема да биде елиминиран од системот во следната Рунда.
• Застрашената зона означува дека во моментот играчот не зазема доволно висока позиција во рангирањето и ќе биде автоматски елиминиран од системот во следната Рунда, освен ако не се искачи во Безопасната зона.
• Во Елиминациската зона се наоѓаат сите играчи, уништени/елиминирани во претходните Рунди.
- После Рунда 30, играчот кој го зазема првото место, ќе биде Единствениот преживеан и ќе биде прогласен за шампион на турнирот.
- Рангирањето на елиминираните/уништените играчи го следи следниот критериум по приоритет:
• Број на рунда - Играч елиминиран порано ќе биде рангиран подолу во споредба со играч елиминиран во покасна рунда.
• Вид на елиминација - играч елиминиран од системот ќе биде рангиран подолу во споредба со играч уништен од друг играч, освен во последната рунда, кога играч уништен од друг играч, ќе биде рангиран на пониска позиција од играч, елиминиран од системот.
• Поените и нивната позиција во Рангирањето.

Награди:



- Играчите рангирани во топ 3 на основното рангирање ќе ги добијат големите награди на турнирот - медали и дијаманти. Наградите во дијаманти се распределени по следниот начин: 1-во место - 2 125 000 привремени дијаманти, 2-ро место - 1 275 000 привремени дијаманти, 3-то место - 850 000 привремени дијаманти.
- Играчите рангирани на следните 50 места после топ 3, ќе добијат ваучер за 85 000 привремени дијаманти.
- Специјални медали ќе бидат доделени за исклучителни достигнувања за време на турнирот:

*Единствен преживеан, 3000 поени за Сала на Славата - Последниот преживеан играч и победник во турнирот
*Сребрен меч, 2000 поени за Сала на Славата - Играчот кој завршил на Второ место во рангирањето
*Бронзен меч, 1000 поени за Сала на Славата - Играчот кој завршил на Трето место во рангирањето
*Убиец, 900 поени за Сала на Славата - Играчот со најмногу уништени играчи
*Сребрен убиец, 800 поени за Сала на Славата - вториот играч по број уништени играчи
*Бронзен убиец, 700 поени за Сала на Славата - третиот играч по број уништени играчи
*Опустошител, 600 поени за Сала на Славата - игачот со најмногу уништени непријателски провинции
*Разрушител, 500 поени за Сала на Славата - игачот со најмногу уништени непријателски провинции во една Рунда
*Прва крв, 500 поени за Сала на Славата - играчот награден со првиот поен за убиство во турнирот
*Најбрзиот, 400 поени за Сала на Славата - играчот со прва уништена непријателска провинција во турнирот
*Недопирлив, 600 поени за Сала на Славата - Играчот/ите кој недопуштил/е загуба на провинција до 19-тата Рунда вклучително
*Кандидат за преживување, 100 поени за Сала на Славата - Сите играчи кои преминале успешно низ првата системска елиминација.

* Тимот на Империја Онлајн го задржува правото да ги променува правилата на турнирот во секој момент, без претходно предупредување и објаснување на учесниците.